Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, вечерва на плоштадот „Скендербег“ беше изведена театарската претстава „Лага“ од Театарот од Гилан, со што беше означен почетокот на програмата „Денови на театарот“.
На оваа вечер присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и градоначалникот на Општина Гилан, Албан Хисени, кои ја истакнаа важноста на досегашната соработка меѓу двете општини и потребата од понатамошно зајакнување на културните врски меѓу Албанците.
„Културата е еден од најсилните мостови што ги поврзуваат нашите градови и нашите граѓани. Соработката меѓу Чаир и Гилан е пример за партнерство кое продолжува да се развива преку активности што ги промовираат уметноста, идентитетот и нашите заеднички вредности“, изјави Меџити.
Претставата, реализирана во режија на Екрем Сопи, во која настапија Гани Рахмани, Ќндреса Јашари, Албан Шахиќи и Сафете Мустафа Бафтиу, на публиката ѝ понуди силна емоција и беше проследена со голем интерес и долги аплаузи.


