Медицински експерти: Децата под 13 години се премногу мали за социјалните мрежи

 

Децата помлади од 13 години се премлади за социјалните мрежи, бидејќи сè уште го „развиваат својот идентитет“, вели највисокиот американски службеник за јавно здравје Вивек Мaрти. Мета, Твитер и мноштво други гиганти на социјалните мрежи им дозволуваат на 13-годишниците да се приклучат на нивните платформи.

„ Лично, врз основа на податоците што ги видов, верувам дека 13 години е прерано… Тоа е возраст во која е навистина важно да се размислува за тоа како размислуваат за нивната самопочит и за нивните односи. И често искривеното опкружување на социјалните мрежи им прави лоша услуга на многу од тие деца“, изјави Марти за Си-ен-ен њузрум.

Медицинските експерти укажуваат на се поголем број истражувања за штетата што таквите платформи можат да им ја нанесат на адолесцентите.

Марти ја призна тешкотијата да се спречат децата да ги користат тие платформи со оглед на нивната популарност, но сугерираше дека родителите можат да успеат со претставување обединет фронт.

„ Ако родителите можат да се соберат и да кажат обединето дека нема да дозволат нивните деца да користат социјални мрежи додека не наполнат 16, 17 или 18 години или која било возраст што ќе ја изберат, тоа е многу поефикасна стратегија за да се осигурате дека вашите деца нема рано да бидат изложени на штета“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Новото истражување сугерира дека сурфањето на социјалните мрежи може да ја промени хемијата на мозокот кај адолесцентите.

Според студијата објавена овој месец во списанието JAMA Pediatrics, студентите кои поредовно прелистувале социјални мрежи покажале поголема нервна чувствителност во одредени области на мозокот, што го прави нивниот мозок повеќе да реагира на социјалните последици со текот на времето.

Психијатрите како др. Адријан Стејси со години укажува на овој феномен. Стејси, која првенствено работи со тинејџери и студенти, претходно изјави за Си-ен-ен дека користењето на социјалните мрежи предизвикува „ослободување на допамин“ во мозокот.

„ Кога правиме работи кои предизвикуваат зависност, како користење на кокаин или користење на паметни телефони, нашиот мозок ослободува многу допамин одеднаш. Тоа му кажува на нашиот мозок да продолжи да ги користи. Особено кај тинејџерите, тој дел од мозокот е всушност хиперактивен во споредба со возрасните. Тие не можат да се мотивираат себеси да прават ништо друго“ вели таа.

Неодамнешните студии покажуваат други начини на кои прекумерното време на екранот може да влијае на развојот на мозокот. Кај малите деца, на пример, прекумерното време на екранот е значително поврзано со послаби вештини за описменување и способност за користење експресивен јазик.

30.01.2023 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега