Шеесет и четиригодишен маж од Србија успеа да преживее опасен напад од рој стршлени додека подготвувал огревни дрва, откако лекарите му изброиле 30 убоди на грбот, како и повеќе на главата и нозете.
Инцидентот се случил на 28 септември, кога тој заедно со својот внук со трактор собирал дрва. Околу 13 часот, при петтото враќање, валјакот зафатил суво стебло од цреша од кое излетал разјарен рој инсекти. Благодарение на брзата интервенција на внукот, соседот и лекарите од Бајина Башта и Ужице, избегнати се фатални последици.
Нападнатиот маж сведочи за ужасните моменти: – Ме нападнаа и ме избодоа по целото тело. Носев маица и фармерки, но ме избодоа низ нив. Горан скрши голема гранка од лешник и се обиде да ги исплаши со неа. Почувствував силна болка, но не ја изгубив свеста.
По брзата реакција на медицинските тимови и укажаната прва помош, пациентот бил пренесен во Општата болница во Ужице, каде примал терапија до еден часот по полноќ пред да биде пуштен на домашно лекување.
Изразувајќи длабока благодарност до медицинскиот персонал, тој истакна: – Немам зборови да му се заблагодарам на д-р Небојша Јовановиќ, на неговиот тим и на лекарите од Ужице за сè што направија за да ми го спасат животот. Д-р Јовановиќ ме викаше во следните два дена за да ми провери.


