Мазнев: Затварањето на здружението нема да предизвика проблеми со функционирањето на клубот

 

Атанас Мазнев, еден од основачите на Организацијата за индивидуални и човекови права, за Телма ТВ изјавил дека клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе продолжел да функционира, зашто немал никаква врска со организацијата, која пак била во ликвидација.

Организацијата пак била во ликвидација, затоа што неговите цели биле спротивни на бугарскиот устав. Процесот бил започнат од бугарското обвинителство, кратко по нејзиното основање во 2019 година, а првостепената пресуда за затварање била донесена во 2020 година. По тврдењата во бугарските медиуми дека клубот воопшто не смеел да се отвори, затоа што бил отворен од страна на нелегитимна организација, Атанас Мазнев, еден од основачите на Организацијата за индивидуални и човекови права, тврди дека клубот „Никола Вапцаров“ ќе продолжи да функционира, затоа што нема никаква врска со организацијата.

„Клубот е основан од Македонци од Пиринска Македонија, а здружението е на нашата група овде од Благоевград и нема врска, при што не може да има проблеми со функционирањето на клубот“, изјавил Мазнев за ТВ Телма.

 

01.11.2022 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега