Маж со електричен тротинет прегази пешак
На 12.12.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, електричен тротинет управуван од М.М.(36) од Скопје удрил во пешакот Х.Н.(42) од с.Бардовци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
13.12.2022 - 12:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа