Маж починал на работно место откако бил потиснат од машина- МВР со детали

Маж вработен во рудникот „Суводол“ - ЕТЈ Траса „РЕК Битола“ вчера бил пронајден мртов.

„На 20.08.2020 во СВР Битола било пријавено дека во 07.10 часот во рудникот „Суводол“ - ЕТЈ Траса „РЕК Битола“, бил пронајден починат В.К.(60) од с.Стругово, демирхисарско, кој бил вработен како машинист.

Според пријавеното, тој бил потиснат од работна машина. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“ велат од МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега