Маж почина во амбулантно возило во Хрватска, возачот бил пијан

 

Австриските медиуми јавуваат за скандалозен случај при транспорт на пациент со амбулантно возило од Хрватска во Минхен.

Како што пишува австриски „Heute“, повикувајќи се на „Kronen Zeitung“, лекарот од итната помош возел со 2,2 промили алкохол во крвта, а болниот 69-годишен пациент починал поради неправилна интубација во санитетското возило.

На пациентот ненадејно му се слошило откако возилото поминало во провинцијата Корушка во Австрија, а пијаниот лекар со над 2 промили алкохол не можел ништо да направи и пациентот починал, пишуваат австриските медиуми.

Идентитетот и националноста на починатиот пациент не е наведен. По брзата помош на лице место била повикана полиција. Полицајците забележале дека докторот се однесува чудно и дека пие алкохол.

„34-годишен словенечки лекар покажал 2,2 промили, а потоа било утврдено дека лекарот наводно погрешно го интубирал пациентот во возилото“, пишува „Heute“.

Резултатот од вештачењето, според австриските медиуми покажало дека погрешниот медицински потег на лекарот во алкохолизирана состојба не е причина за смртта на пациентот, велат оттаму.

Овој скандал ќе има епилог на суд бидејќи млад пијан доктор е обвинет за загрозување на физичката безбедност на пациент. За ова дело лекарот се соочува со затворска казна до три месеци, стои во напии=сите.

Според австриските медиуми, ова би можело да биде крај на медицинската кариера на 34-годишниот лекар, која штотуку ја започнал.

05.04.2024 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега