Маж исфрлен од стан со своите 110 мачки

Здруженија за заштита на животни во јужна Шпанија, бараат домови за 110 мачки кои заедно со нивниот сопственик се исфрлени од станот. Ова се случило во регионот на Валенсија.

Вработените на засолништето за животни „Спаме Сафор“ во градот Гандија, на почетокот мислеле дека има „само“ 96 мачки, но подоцна рекле дека има вкупно 110.

Сега бараат помош во нивна грижа барем додека се вакцинирааат или стерилизираат.

Мачките останале без сместување откако нивниот сопственик бил исфрлен од станот од 100 квадратни метри во кој живееле.

-Изгледа сопственикот прво посвоил неколку мачки пред три години, и оттогаш тие постојано се размножувале и достигнале неверојатна бројка, вели Салвадор Тормас, вработен во засолништето за животни.

Здружението се пожали дека немаат доволно простор за сите мачки затоа што веќе се грижеле за околу двесте мачки.

Тормас вели дека во петокот зеле 48 мачки, а во саботата дошле да ги земат другите за да му помогнат на нивниот сопственик, кого го опишале како помлад маж.

-Тоа е катастрофа. Некој требаше да му помогне на тој човек, рече Тормас.

Вработените во прифатилиштето ги повикаа локалните власти да помогнат во грижата за животните и тие сега работат од утро до вечер за да обезбедат сместување за мачките и побарале помош од неколку помали здруженија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега