Масовни акции на полицијата - приведени 13 лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации при што приведени се 13 лица.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија завчера го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Вчера во 20:45 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.Х.(40) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Денеска во 01:40 часот на место викано „Сончев град“ во село Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(26) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23:45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(25) од село Бојане, општина Сарај, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(37) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при  извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.                      

Вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.   

Вчера во 19:45  часот на автопатот Тетово - Скопје, кај наплатна рампа Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.М.(22) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера во 21:10 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане  ги лишиле од слобода Ш.М.(18), А.З.(19) и Д.Л.(18), тројцата од Тетово. При преглед во возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.М., кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

21.10.2024 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега