Мартовски снег во Македонија - еве каде вее во моментов

 

Цела зима имавме прилично слаби врнежи на снег, а еве сега во март, снежни врнежи се регистираат во поголемиот дел од ски центрите низ Македонија. Во моментов вее во Маврово и на Пелистер. Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година

05.03.2024 - 08:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега