Марш за женски права: МВР и ЈО да почнат да работат и да ја заработат платата

МВР и Обвинтелство да почнат да работат, кривична одговорност за „Јавна соба“, побараа жените на маршот.

Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство конечно да почнат да работат и да ја заработат платата, побараа денеска жените на маршот „Држава што не постапува е држава што силува“.

Активистката Марија Савовска во говорот пред МВР побара и кривична одговорност за лицата кои во групата на Телеграм „Јавна соба“ објавуваа експлицитни фотографии и видеа од девојки од македонија, како и нивни податоци и телефонски броеви.

Според неа, кривична одговорност треба да има за сите, а не само за тие што објавувале податоци од малолетни девојчиња.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега