Марковски: Градежните стандарди не се почитуваат

 

Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека во однос на градежништвото има точно наведени критериуми.

„Треба да бидат механички стабилни, значи носиви, стабилни, отпорни на земјотрес и на пожарно дејство, секако и санитарно-технички услови. Пожарното дејство е точно наведено и дефинирано е дека за да бидат отпорни на пожарно дејство во нив треба да бидат вградени материјали кои што се отпорни на пожар и не горат. Сунѓер и стиропор не само што лесно горат, туку предизвикуваат одгромна густина на чад во кои што се испушта и цијанид, осносно киселина на цијанид, а еве знаеме тој цијанид, еден од најстрашните отрови кон човекот, каде и како се користел во минатото. Епа ако тоа не е доказ на тезата дека нашиов систем буквално си ги уби своите деца, оние кои што не успеа да ги истера надвор од државата, и почна да ни ги убива децата а сведоци сме дека такви случки во последен период има многу“, вели Марковски.

26.03.2025 - 22:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега