Маринко Роквиќ пред смртта имал една желба: Син му Никола над гробот се заколна дека ќе му ја исполни

 

4

Кога почина пејачот Маринко Роквиќ, син му Никола на неговиот гроб се заколна дека поради него ќе оди по светата земја на Исус Христос, во Израел. Тоа успеа да го направи до шестмесечниот помен на Маринко, што ќе се одбележи на 6-ти мај.

-Во последните година ипол, колку што Маринко се бореше со рак на простата, тој и Никола почнаа да обиколуваат манастири со надеж дека ќе закрепне. И сега кога го нема, неговиот син продолжил таму каде што застанал татко му. Никола отишол на аџилак за велигденските празници, а како што самиот му објаснил на семејството, цело време се молел за Маринко, па целосно препороден се вратил во Белград. Имено, секој кој оди на аџилак има право на своето име да го додаде префиксот Хаџи, што и го направи, објасни извор близок на Роквиќи и продолжил:

-Никола веднаш од Израел отишол на гробот на својот татко, каде оставил посебна бројаница која ја донел од светата земја и која ја наменил за својот татко. Знае дека Маринко сега ќе се гордее со него и дека секогаш велел дека би сакал некој од неговото семејство еден ден да оди на аџилак. Сега тој сон се оствари, рекол изворот кого го пренесуваат медиумите во Србија.

04.05.2022 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега