Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот - благодарност до неуморните попишувачи

 

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.

-Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!, напиша во објава на Фејсбук Маричиќ.

Тој посебно упати благодарност до, како што наведе, неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас. 

19.09.2021 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега