Маричиќ: Кога ќе пристигне официјалниот предлог, ќе биде споделен до соодветните институции

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција кажа дека францускиот предлог сè уште е во работна верзија.

Маричиќ, исто така, кажа дека конечниот предлог ќе биде испратен во релевантните институции, а со него ќе бидат запознаени коалициските партнери, Владата и Собранието.

„Кога ќе пристигне официјален предлог, тој ќе биде доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери. Секако, во некаква форма ќе биде консултирано и Собранието и Комисијата за надворешни работи“, кажа Маричиќ.

24.06.2022 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега