Маричиќ: И за промената на името никој не им се закануваше на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им се заканува ни сега

Никој не им се закани на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на името, вели за Детектор, Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ тврдејќи дека и сега никој не им се заканува на пратениците за гласаат за промена на Уставот. Според него, Македонија нема друга алтернатива и сите кои што се за членство во ЕУ, мора да гласаат за промена на Уставот

 

„Единствен план е да обезбедиме најмалку 80 пратеници за промена на Уставот. Нема закани. Немаше закана ни пред 5 години кога гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Тие се фала Богу живи и здрави луѓе и можете да ги прашате. Но никако во никој случај тоа не може да се перцепира како закана или како страв. Според мене на крајот на тој процес одговорноста на секој пратеник ќе биде да одлучи дали е за да оди нашата држава во ЕУ или да остане каде што е сега. Дали да одиме по сценариото кое што го сакаат некои политички структури во Бугарија кои што не сакаат да не видат дека ќе успееме за да може да не тргнат на страна и да не тормозат уште 20 години, или ќе го завршиме ова и ќе ги придобиеме сите уште еднаш на наша страна и Бугарите ќе ги изгубат сите аргументи. Инаку, репреговарање или ако испорачаме реформи, немало да треба да се менува Уставот. Верувајте, премногу веќе дојдоа тука наши пријатели претставници на силни европски држави, го кажаа тоа јавно, го кажаа на средбите со Владата, сигурен сум дека го кажале и на средбите со ВМРО-ДПМНЕ, дека рамката усвоена лани нема да се менува“ – вели Маричиќ потенцирајќи дека Македонија нема друга можност освен оваа

21.05.2023 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега