Маричиќ: ДПМНЕ нема никаков план - не може да се испреговараат подобри договори

ДПМНЕ нема план ниту намера за решавање на стратешките прашања и членство во ЕУ, време е опозицијата да заземе посериозен однос, не поради СДСМ, туку поради граѓаните. Скапо сме ги платиле заблудите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тврдења дека постои шанса да се испреговара подобар договор со Грција, се чекаше некаков подобар договор, кој никогаш не дојде на маса, па 10 години подоцна се реши проблемот под полоши услови, вели вицепремиерот Маричиќ.

-Тие немаат ниту јасна намера за решавање, ниту план. Знаеме која беше нивната намера. Сигурен сум дека се спремни да влезат во повторни преговори, кои што ќе траат уште 15 год. Кои што во меѓувреме ќе ги направат и Албанија и Црна Гора членки на ЕУ, за Србија и Косово ќе видиме, рече Маричиќ.

СДСМ смета дека претседател на државата треба да се бира на избори и сигурен сум дека ќе избереме претседател, додава Маричиќ.

Досега не се избрало претседател на државата без консензус од сите етнички заедници и верувам дека во вториот круг тоа ќе се случи, имаме простор и време дотогаш да ги завршиме сите разговори затоа што ако го следиме интересот на граѓаните сигурен сум дека ќе избереме претседател и тоа ќе биде Стево Пендаровски, додаде Маричиќ.

-Секоја партија има одговорност за своите постапки, ние сметаме дека во овој момент во којшто се наоѓа државата, е одговорно да биде избран претседател за да имаме една стабилна институција којашто ќе го гарантира патот на државата во вистински правец. Ние знаеме колку е битно во услови на војна во Украина, повеќекратни кризи, знаеме дека претседателот имаше исто така клучна улога во онаа институционална криза со ковидот кога Собранието беше распуштено, кога мораше да се распише вонредна состојба, за да може Владата да одлучува и да носи клучни одлуки на дневна основа. Затоа мислам дека би било одговорно во вториот круг да се поддржи оној кандидат кој има најдобри шанси да победи и да ја носи државата кон продолжување на европските интеграции. Тоа е Стево Пендаровски. Да дојдеме до една точка по изборите да разговараме, секоја партија има право да отвори прашање, тоа е нивно право, меѓутоа сметам дека со иднината на државата, со развојот на понатамошниот правец и насока на државата никој нема да си поигрува, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

27.02.2024 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега