МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар
Министерството за здравство ја информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
И кај првиот пациент, кој заедно со вториот патувале во Занзибар, беше детектиран британскиот сој на вирусот. Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми.
Комисијата за заразни болести вчера предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата кои доаѓаат од сите африкански земји.
04.03.2021 - 16:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа