Манчевски: За 60 отсто ги намаливме трошоците на функционерите

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телевизија Телма порача Владата предводена од СДСМ дека во овие 3 години покажала одговорност кон парите на граѓаните и дека трошоците на избраните и именуваните функционери се значително намалени.

– Ние, во СДСМ, започнавме една сериозна реформа што ја нарековме одвојување на партијата од државата и воведовме серија ограничувања за избраните и именуваните функционери, во однос на користење службени возила, надоместоци за комисии и слично кои во 2016 година беа огромни а сега се спуштени за 60 отсто, порача Манчевски.

Тој додаде дека популистичките предлози кои доаѓаат од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да направат никаква суштинска разлика и граѓаните од нив нема да видат конкретни придобивки.

– Популистички предлози нема да им помогнат на граѓаните, ајде да ги поддржиме реформите кои ги почнавме и со кои намаливме над 60% од трошоците за функционерите, порача потпретседателот Манчевски во вечерашното гостување во Топ Тема на Телевизија Телма.

Манчевски порача дека правото на протест е легитимно за секој граѓанин, за секоја опозиција, но протестите што периодов ги прави ВМРО-ДПМНЕ се само за вантрешна употреба на раководствот на партијата.

– Ние само што имавме избори пред два месеци и само што го конституиравме новиот собраниски состав. Мислам дека овие протести се само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата е јавно изложено со барања за промени и конгрес и нормално е тоа, по секои избори особено по изборен пораз да барате доверба од членството. Последниот протест им беше најавен како борба против сиромаштија, а протестира со скапи со луксузни автомобили. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие, масовното богатење на нивни партиски фукционери.Таквиот протест беше ексклузивен партиски настан на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот Манчевски посочи дека деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и во Собранието.

– ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието сакаше да го блокира изборот на работните тела на Собранието заради барање за Одлука за формирање на комисиите иако претходно на координација сте се согласиле со истата одлука и при тоа што е најинтересно, немавме никаков алтернативен предлог, тоа беше само обид за блокада на Собранието, заклучи Манчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега