Манчевски го доби првиот резултатот за коронавирусот: До сега водам во негативни тестови со 4:0
Министерот Дамјан Манчевски добил негативен тест на корона вирусот. Тој е во самоизолација од денот на изборите кога објави дека неговиот возач и заменик министерот се заболени. Денеска Манчевски ги добил резултатите од првиот контролен тес, треба да направи уште еден. Инаку министерот е во изолација по втор пат откако почна епидемијата.
„Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа