Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

    Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

    22.02.2026 во 12:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство (ЈО) да отвори истрага по јавните сведоштва за директно политичко влијание врз правосудниот систем за време на претходната власт. На денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, обвини дека судството под водство на СДСМ и Зоран Заев функционирало исклучиво по принципот на послушност.

    „Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени“, истакна Манасиевски.

    Тој нагласи дека во тој период наместо правда, на сила биле политички пресметки, а мета биле членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства.

    „Судските случаи се кроеја по политичка мерка… Наместо владеење на право, имавме владеење на страв. Членови на ВМРО-ДПМНЕ беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства. Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила“, посочи тој.

    Како крунски доказ за ваквото функционирање на системот, Манасиевски го посочи неодамнешното јавно сведоштво на поранешниот врховен судија Ристо Катевеновски, поврзано со предметот за Гордана Јанкулоска.

    „Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор… Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива“, рече членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    На крајот од своето обраќање, Манасиевски порача дека оние кои ветувале независно судство создале целосно зависно правосудство и побара итна реакција од надлежните институции.

    „Денес, клопчето се одмотува. Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.