Судиите и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување на платите, вели Манасиевски.
Манасиевски посочи дека група на поединци како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, тогашни високи функционери во правосудството, беа фатени како земаат мито за да влијаат врз пресуда во вредност од 10.000 евра, а за ова кривично дело и двајцата се спогодија со судот, односно ја надиграа правдата.
„Со кое лице и како очекуваат од народот и граѓаните, луѓе како Ѓорѓиев и Мемети, да бараат зголемување на и онака високите плати? Како народот да очекува правда, кога истите овие луѓе кои земаа по 10тина илјади евра мито, се спогодија со судовите? Како може народот да очекува правда и одговорност кога кој е тој што ја гарантира независноста на оние судии и обвинители кои се спогодиле со Ѓорѓиев и Мемети? Кој гарантира дека нема да влијаат истите и врз некои други предмети?
На македонското правосудство му е потребен ремонт. Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Заради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз“, нагласи Манасиевски.
- Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува
- Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
- Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
- ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
- Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
- ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
- Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
- Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори

