Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“

    Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“

    30.04.2026 во 13:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики до СДСМ по јавниот настап на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Според Манасиевски, изјавите на Земон за македонскиот идентитет и Гоце Делчев се показател за тоа како партијата под раководство на Венко Филипче се однесува кон националните интереси.

    Манасиевски посочи дека желбата на СДСМ за власт оди до степен на негирање на македонските обележја и прифаќање услови од земји кои го попречуваат патот кон ЕУ.

    „Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка“, истакна Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Земон, како поранешен функционер, само го потврдува континуитетот на ваквите ставови во СДСМ, каде идентитетот и јазикот се користат како теми за политичко пазарење.

    Манасиевски додаде дека Филипче поставува луѓе подготвени да ја релативизираат историјата и дека е подготвен на отстапки кои допираат до темелите на државноста.

    „Рубин Земон е само уште еден доказ дека за Филипче не постои никаква црвена линија“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.