Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат и до 360.000 денари плата, а за возврат наместо правда, тие стануваат активни чинители на неправдата, вели Манасиевски.
„Со кое лице овие правосудни органи, бараат зголемување на платите, дури поголемо и на оние најразвиени држави, кога за украдени 150 ќебапи се добиваат 3 години затвор, за кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што живи горат 14 сограѓани, директорите на болницата добиваат по 1,5 година затвор. Секако, тогашниот министер за здравство, а сега актуелен претседател на СДС, Венко Филипче, кој е директно одговорен за овој случај, не е повикан ниту на разговор“, , посочи Манасиевски.
„Со кое лице бараат истите од 160.000 па се до 360.000 денари плата, кога годишно работат предмети под европскиот просек. Македонските судии и обвинители, работат годишно околу 170 предмети годишно, а просекот е нешто над 200 предмети.
Со кое лице овие судии и обвинители бараат зголемени плати кога поранешни Врховни судии, членови на судски и обвинителски совет, се фатени со мито, па на крај се спогодуваат со други судии, за да не одлежат казна? Каде е тука правдата и одговорноста? Кој вели дека овие што им досудиле спогодба нема и понатаму да одработуваат и да се спогодуваат и со други криминални и корумпирани структури?
Поголемиот дел од судството и обвинителството се чесни и докажани луѓе во својата област. Но, не можат да дојдат до израз токму од овие корумпирани и до гуша заглавени судии и обвинители, кои одработуваат за една или друга партија, или за Струмичко Муртино или Кичевски Зајас?
Потребни се реформи, а не зголемување на платите. Секако нашите правосудни органи земаат едни од највисоките плати во регионот, а имаат само 2% доверба“, истакна Манасиевски.
- Уживајте во сонцето додека можете – Пред нас многу лош пресврт со времето
- Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
- Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
- По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
- Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
- Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
- Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
- Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

