Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори

    Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори

    20.10.2026 во 12:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ оствари победа на локалните избори во Брвеница освојувајќи околу 3.000 гласови односно приближно 40% од поддршката, додека СДС освои 707 гласови или околу 9%, соопшти денеска портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.

    Од партијата посочија дека ваквиот резултат претставува разлика од четири спрема еден во полза на ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на прославата на раководството на опозицијата по објавувањето на резултатите.

    „СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт“, истакна Манасиевски на прес-конференцијата.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, освоената поддршка за СДС во Брвеница е на пониско ниво во споредба со претходните локални изборни циклуси.

    „Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех“, рече тој.

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека рејтингот на опозициската партија е на ниско ниво и дека за нив Венко Филипче останува претседател на СДС.

    „СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори. Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче. Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС“, изјави Манасиевски.

    Тој заклучи дека владејачката партија ќе продолжи со реализација на проекти и мерки во интерес на граѓаните.

    „Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните“, нагласи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.