Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата во акција: Приведени девет возачи, меѓу нив и малолетник зад воланот

    17.03.2026 во 17:12

    Познат идентитетот на загинатиот маж во тешкиот судир кај Виница

    17.03.2026 во 16:50

    Кумановец „падна“ на полициска контрола: Возел „Голф“ со словенечки таблички од друго возило

    17.03.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата во акција: Приведени девет возачи, меѓу нив и малолетник зад воланот
    • Познат идентитетот на загинатиот маж во тешкиот судир кај Виница
    • Кумановец „падна“ на полициска контрола: Возел „Голф“ со словенечки таблички од друго возило
    • Испливаа нови детали за 19-годишната девојка која падна од балкон: Татко и се пријавил во полиција, пред падот ја малтретирал
    • Одлична вест: Поевтинуваат над 340 лекови, драстично паѓа цената на „Ксарелто“
    • Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители
    • Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
    • МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев

    Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев

    24.12.2025 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи, вели Манасиевски.

    „Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

    Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам:

    ,,Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра”.

    А, сега Ве замолувам да го проследиме и видео записот.

    Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев.

    Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?

    Вистината излегува на виделина. Правда мора да има!“, посочи Манасиевски.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.