„Стратегија Македонија 2030“ има за цел да ја замени досегашната импровизација со институционална зрелост и да воспостави систем на управување што создава стабилност, порача Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Презентирајќи го првиот столб на стратегијата – безбедноста, тој нагласи дека само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна.
Манасиевски најави технолошко унапредување на Армијата и формирање на државен механизам за заштита на демократските процеси од хибридни закани, без притоа да се наруши слободата на говор.
„Безбедноста е темелот на државата. Само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена. Со овој стожер го отвораме новото поглавје на државноста што ја градиме заедно“, истакна Манасиевски.
Партијата планира и реформа на системот за управување со кризи за да се обезбеди брза и предвидлива реакција во вонредни ситуации.

