Чест на исклучоци, но добар дел од судството и обвинителството ги интересира само зголемување на платите. Зошто толку бурно не реагираат на тоа што не одговараат на задачите кои ги имаат? Или пак зошто вака не реагираат за оние пријави што им стојат во фиока и со години  не решаваат по истите? Ако  проблемот е до платите, претседателот на Владата, Мицкоски најави дека ќе има зголемување во ставката за судиите и обвинителите во буџетот, и секако дека тие независно ќе си ги раководат парите, изјави денееска на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО=ДПМНЕ.

Но да напоменеме, мора да има одговорност за секој потрошен денар. Исто така, ако продолжат по истиот овој терк и граѓаните чекаат 5 можеби и некогаш 10 години за решавање на некаков случај во судството, ние не сме ја постигнале целта. Така да мораат да си ги засукаат ракавите и ја имаат поддршката од народот за истото, додаде Манасиевски од ДПМНЕ.

Exit mobile version