Fаворитoт за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, рече дека нема да биде заплашен од коментарите на Доналд Трамп дека планира да го намали федералното финансирање за градот ако Мамдани победи.

Мамдани рече дека „тие закани ќе бидат третирани онака како што заслужуваат да бидат третирани, како зборови на претседателот, а не нужно како закон на земјата“.

Мамдани, кој е дел од прогресивното крило на Демократската партија и кандидатот со најголеми шанси за победа, рече дека дојде време градот да добие градоначалник „кој се бори за њујорчани секој ден, а не некој што е подготвен да ги жртвува истите тие луѓе за да може да дејствува во свој интерес“.

„Нема да ме заплаши овој претседател. Нема да ме заплаши никој, бидејќи мојата работа е да им служам на луѓето од овој град“, додаде тој.

Трамп денес го поддржа поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, за градоначалник на Њујорк и се закани дека ќе го задржи федералното финансирање од градот ако Мамдани победи на изборите.

Exit mobile version