Во СВР Скопје на 1 јуни 2026 година било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат малолетник.

Пријавата ја поднел Ш.С. (30) од Скопје, кој навел дека неговиот малолетен син бил нападнат од М.Б. (29) од Скопје, при што, според пријавеното, бил употребен и остар предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Exit mobile version