Во Бутел, кај населбата Радишани, вчера се случила сообраќајна несреќа во која било прегазено дете. Засега нема официјални информации за тоа како дошло до несреќата, ниту пак за состојбата на детето по истата.

Според реакции на граѓани и објави на социјалните мрежи, инцидентот се случил во близина на автобуска станица, кога возило наводно се качило на тротоар и го удрило детето, иако засега овие информации околу несреќата не се официјално потврдени.

– Вчера на автобуска станица згазиле дете (на тротоар), некој батка возел со комбе и се качил на тротоарот (спроти Кувертира) и го изгазил. Не знам со какви последици е, ама овие два дена има протести. Меѓу другото, гледам дека само таму уште веднаш се исцртани линии на коловозот само на тоа место, можеби за фотографирање?, вели една скопјанка во својата реакција на социјалните мрежи.

По несреќата, жителите на населбите Бутел и Расадник најавија протести, изразувајќи незадоволство од безбедноста на сообраќајот во тој дел од Скопје.

Exit mobile version