Малолетник излетал со автомобил во Тетово

Вчера во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

09.03.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега