Малолетничка од Скопје насилно внесена во автомобил
17- годишна девојка од Скопје, била насилно влечена и внесена во автомобил.
Синоќа околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје.
МВР соопштува дека тој е осомничен дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев“, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во нивното патничко возило 17- годишна малолетничка од Скопје , со која се вели дека лицето Б.П. било во љубовна врска, а потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале.
Во тек се преземени мерки за целосно разрешување на случајот.
30.05.2023 - 18:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа