Макрон:„Секој добиен викенд е важен“- ништо од локдаун во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го поштеди регионот на Париз од заклучувањето за време на викендот, со цел што е можно повеќе да ја задржи отворена француската економија, иако бројот на смртни случаи не опаѓа, пренесува Ројтерс.

Два извори блиски до Макрон велат дека премиерот Жан Кастекс денес може да воведе заклучување во северната област Па-де-Кале, како што тоа веќе го стори во француската ривиера, но не и во главниот град и околината, додава Ројтерс.

"Ако можеме да избегнеме блокирање за време на викендот во Париз, ќе го сториме тоа. Секој викенд што го добиваме е важен", им рече Макрон на министрите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега