Макрон со добри вести: Најлошиот период од вториот бран на пандемијата помина

Франција следниот викенд ќе почне да ги олеснува мерките против ширењето на коронавирусот за до Божиќ, продавниците, кината и театрите да можат повторно да бидат отворени и граѓаните да ги поминат празниците со своите семејства, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон синоќа во телевизиско обраќање до нацијата кажа дека најлошиот период од вториот бран во Франција помина, но дека угостителските објекти мора да останат затворени до 20. јануари, за да се избегне избивање на третиот бран, пренесува Ројтерс.

„Мораме да направиме се што е можно за да се избегне третиот бран, да направи се за да избегнеме трето затворање на земјата“, рекол Макрон.

Макрон рекол дека и вакцинацијата, напрво на најчувствителните групи, ќе почне кон крајот на декември или почетокот на јануари.

Рестриктивните мерки кои француските власти во повеќето градови ги вовеле кон средината на октомври, не дале очекувани резултати во скротување на пандемијата, после што на 30. октомври бил воведено строго затворање, кое сепак било помалку рестриктивно отколку она на 17. март и 11. мај, додава Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега