Макпетрол ја намали цената на природниот гас и на метанот

Макпетрол АД Скопје за околу 200 евра ја намали цената за 1.000 нормални кубни метри природен гас, а за 20 денари за килограм цената на метанот во споредба со цената што ја имаа овие два енергенси во септември годинава.

Како што информираат  од компанијата, намалувањето на цените е согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.

-Цената на природниот гас за октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1.000 нормални кубни метри, во однос на цената за септември оваа година. Малопродажната цена, пак, на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм, соопшти Макпетрол.

03.10.2022 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега