Македонските угостители загрижени: Како ќе работиме - сите конобари ни отидоа во Хрватска

Додека хрватските работници си заминуваат на запад, тоа го прават и македонските. За поголемиот дел од македонските конобари Хрватска е запад која во текот на сезоната им овозможува поголема заработка отколку да останат во Македонија пишува изданието на Форбс Хрватска.

Во моментов македонските угостители имаат доволен број на луѓе но како секое лето конобарите и куварите си заминуваат на работа во странство. Хрватска е најпривлечна дестинација и затоа оваа летна сезона што надоаѓа посебно ги загрижува угостителите. Иако Хрватска нуди добри плати сепак дел од оние кои работат во угостителскиот сектор во Македонија велат дека и кај нас се заработува добро. Платите и условите се поволни, а нема повеќе работа на црно или работење за минимална плата. Но и покрај ваквите напори сепак голем дел од нив си заминуваат. Хрватска нуди поголеми плати но и можност целата сезона да се помине покрај море.

Во Македонија платите во угостителскиот сектор почнуваат од 500 евра па нагоре. Ако се гледа според огласите за работа ако сакате да најдете добар кувар тоа идниот работодавец ќе го чини околу 1500 евра.

На хрватската обала се бараат секаков профил на работници: бармени, собарки, кувари, рецепционери и друг вид на пресонал. Платите варираат од 1000 до 3500 евра во зависност од тоа како ќе се договорите. Покрај износот на платата на вработените им се обезбедуваат смештајот, два оброка и се осигурани здравствено.

21.03.2024 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега