Македонскиот доктор Ненад Цоневски, против кого е отворена истражна постапка во Бугарија поради прегазено куче во Софија пред неколку дена, денеска сам се појавил во Третата окружна полициска станица.
Докторот се појавил во полиција во придружба на неговиот адвокат.
Веста за неговото самопријавување ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов. Николов изјави дека Цоневски „целосно соработува со истрагата“.
Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија.
Како што беше објавено вчера, Цоневски е суспендиран од Воено-медицинската академија, веднаш по отворањето на истражната постапка против него.

