Close Menu
    Најново

    Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

    27.01.2026 во 17:16

    Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година

    27.01.2026 во 16:56

    Запленети 140 килограми експлозив и оружје во напуштена куќа во Зубин Поток

    27.01.2026 во 16:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото
    • Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година
    • Запленети 140 килограми експлозив и оружје во напуштена куќа во Зубин Поток
    • Седум навивачи на ПАОК загинаа во страшна сообраќајка во Романија
    • Скандалозна одбрана по трагедијата во Швајцарија: Сопствениците на барот ја обвинија мртвата келнерка за пожарот
    • Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот
    • Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка
    • Ноќна драма на Бит Пазар: Приведена 28-годишна скопјанка, нападнала полицајци додека биле на должност
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

    Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

    27.01.2026 во 17:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет.

    И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање.

    Но, во интерес на точното информирање, базирано на факти, компанијата сака да ги појасни своите позиции во врска со овој предмет. Имено, се работи за скоро две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет .

    Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа  ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком  треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра.

    Македонски Телеком согласно законски расположливите средства, упати барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.

    Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година,  утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство.

    Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни.

    На ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје  ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.

    Македонски Телеком верува надлежните институции да постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето.

    Македонски Телеком

    Популарно

    Хорор го потресе светот: Угледен професор со години спиел со 26 кукли направени од женски лешеви

    26.01.2026 во 23:48

    Падна криминална банда кај Свети Николе: Запленети 200 кг марихуана сокриена во возило качено на шлеп-служба

    27.01.2026 во 09:53

    Секунди делеле од трагедија: „Само што излеговме од колата, ѕидот падна“ – Сведоштво на велешанката чие возило беше згмечено во Штип

    27.01.2026 во 12:35

    Трагедија во струмичко: Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци

    27.01.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.