Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
    • Дете нападнато во Долно Лисиче
    • Се бара притвор: Сопственикот на „Пулс“ дал поткуп за лиценца
    • Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски – не беше доведен во понеповолна положба
    • Мисајловски: Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени
    • Мисајловски: Регионалните тензии не се директна закана за Македонија, НАТО гарантира безбедност
    • Мицкоски по приемот кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство
    • Ново барање за притвор за газдата на Пулс
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија

    Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија

    01.10.2026 во 22:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Преку клонирани псевдо-портали ширел лажни вести и дезинформации со цел преобликување на наративи во интерес на Русија.

    Македонски државјанин, надоврзан на странски фактори – креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали, интегрирани и во македонскиот медиумски простор е приведен во акција на Агенција за национална безбедност, МВР и Обвинителството.

    Акцијата се случила пред нешто помалку од две недели, на 18 септември, но АНБ за случајот извести денеска.

    Тогаш, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал спровеле претрес и упаднале во компјутерски систем. Одзеле и други електронски уреди кои се веќе испратени на вештачење.

    Идентитетот на осомничениот не го открива ниту АНБ, ниту МВР и засега нема многу детали од истражните органи.

    – Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, велат од АНБ.

    На товар му се ставаат три кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал, предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз оснва на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, но и за оддавање службена тајна.

    Каква тајна и кому ја издал засега не е познато.

    Ова е втор случај годинава во кој Агенцијата за национална безбедност таргетира лица кои ширеле пропаганда во корист на други држави.

    Во март АНБ соопшти дека бугарски државјанин преку Фејсбук страница и преку бот мрежа на информативни портали ширел пропаганда со цел поттикнување омраза меѓу Македонците и Бугарите.

    Прочитај повеќе

    Дете нападнато во Долно Лисиче

    01.10.2026 во 21:42

    Се бара притвор: Сопственикот на „Пулс“ дал поткуп за лиценца

    01.10.2026 во 21:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.