Close Menu
Press24
    Најново

    Ноќна драма во Охрид: 44-годишник ги натепал сопругата и нивното малолетно дете

    11.03.2026 во 12:56

    Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не

    11.03.2026 во 12:52

    ЕУ со поддршка: Онлајн преносите од Уставниот суд ја враќаат довербата во правдата

    11.03.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноќна драма во Охрид: 44-годишник ги натепал сопругата и нивното малолетно дете
    • Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не
    • ЕУ со поддршка: Онлајн преносите од Уставниот суд ја враќаат довербата во правдата
    • Нафтата поевтинува
    • Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето
    • Трагедија ја потресе Македонија: Избувна пожар во куќа, едно лице пронајдено починато
    • Трамп со историски договор: Ќе се гради нова рафинерија во САД по 50 години за скротување на цената на нафтата
    • Намалена казната за Гордана Филиповиќ – Прегази и усмрти пензионер на пешачки во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведени 151 возачи – Македонската полиција изрече 6.264 казни

    Приведени 151 возачи – Македонската полиција изрече 6.264 казни

    11.03.2026 во 10:51Updated:11.03.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во периодот од 01.03.2026-10.03.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. 

    Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за управување на возило. 

    Во истиот период одземени се 53 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

    Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите 10 дена од месец март евидентирани се 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

    Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 67 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 79 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 25 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Пекол на Блискиот Исток: Иран со масовен удар врз Израел и Заливот – нападната и американската флота

    11.03.2026 во 09:47

    Му покажале „стоп” а тој забрзал – Полицијата уапси скопјанец, имале што да видат во возилото

    11.03.2026 во 09:16

    Мистерија на границата со Србија: Во ист ден исчезнаа седум деца на возраст од 2 до 11 години

    11.03.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.