Македонската полиција приведе лице кое возело без возачка дозвола.

– Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода лице од село Тимјаник. При сообраќајна контрола на крстосница од улиците Фемо Кулаков и Марксова во Неготино, сопрено било патничко возило „цитроен“ со неготински регистарски ознаки, управувано од лицето, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР – Велес.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version