Close Menu
    Најново

    Дневен хороскоп: Близнаците ќе откријат информација која ќе им го смени планот, Ракот ќе расчисти нешто што го мачи

    13.12.2025 во 10:04

    СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти

    13.12.2025 во 09:50

    Времето денеска сончево и топло со температура над просекот

    13.12.2025 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дневен хороскоп: Близнаците ќе откријат информација која ќе им го смени планот, Ракот ќе расчисти нешто што го мачи
    • СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти
    • Времето денеска сончево и топло со температура над просекот
    • Руте: Русија нема да ги нападне Еврипа и НАТО
    • По 20 декември, ништо нема да е исто за овие два хороскопски знака: Крајот на годината носи неочекуван пресврт
    • Кочан ладно: Температурата во овој град падна на -53°C
    • Тинејџер избоде полицаец во Сплит
    • УХМР со најнови детали: Познато какво време не очекува за претстојниот викенд
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    (ВИДЕО) Напад во Црното Море: Турски патнички и товарен брод погоден од ракета „Искандер“ во пристаништето Одеса

    12.12.2025 во 19:28

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    11.12.2025 во 09:11

    Хорор во регионот: Палета тешка повеќе од еден тон уби маж

    12.12.2025 во 19:06

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.