Close Menu
    Најново

    Мицкоски во Бутел: Крај на децениското трпение на полицајците, по 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица

    14.12.2025 во 13:16

    По 10 години прекин: Нафтоводот Солун-Скопје се враќа во функција до крајот на годината

    14.12.2025 во 13:08

    Хорор на плажа во Сиднеј: 10 лица загинаа, 18 се повредени

    14.12.2025 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски во Бутел: Крај на децениското трпение на полицајците, по 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица
    • По 10 години прекин: Нафтоводот Солун-Скопје се враќа во функција до крајот на годината
    • Хорор на плажа во Сиднеј: 10 лица загинаа, 18 се повредени
    • Полициска акција во Куманово: Сопственичка на локал уапсена, затекнати 14 малолетници по полноќ
    • Дневен хороскоп: Овенот ќе се справи со сериозна задача, Рибите ќе донесат важна одлука
    • Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови
    • Пофалби од Виена: Македонија и Србија лидери во интеграцијата на пазарот на струја
    • Алармантно: Хоспитализирани неколку млади луѓе, еден во кома по користење е-цигари со „спајс“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Мицкоски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават документи со кои ќе гарантираат дека нема да се градат мигрантски кампови

    12.12.2025 во 13:30

    Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра

    13.12.2025 во 22:39

    Грчките земјоделци го одбија Мицотакис: Блокадите се интензивираат

    13.12.2025 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.