Македонија во црно: Комеморација за штипјаните кои загинаа во "Пулс"

 

Во Штип денеска ќе се одржи комеморација за трагично загинатите сограѓани во пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани, Александар Коларов, Филип Стевановски, Александар Ефремов, Филип Ивановски и Дамјан Танески.

-Како чин на споделување на тагата со најблиските на жртвите, комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Домот на културата – НУЦК „Ацо Шопов“, во петок 21 март 2025 година, со почеток во 13:00 часот. Нашиот град никогаш нема да биде како порано. Овие невини млади животи што згаснаа прерано, ни даваат патоказ како треба да живееме и правилно да ја градиме нашата иднина.Нивните лица, дела и енергија да ги запаметиме и засекогаш да останат вмрежани во нашите мисли, велат од Општината.

Инаку, во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, повеќе од 160 се повредени. Дел од повредените се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство.

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

 За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

21.03.2025 - 08:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега