Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор на плажа во Хрватска: Дрво високо 14 метри падна врз туристи, деца повредени, веднаш однесени во болница

    09.08.2026 во 15:34

    МВР со жестоки контроли: Уапсени 15 возачи, меѓу нив и четири малолетници

    09.08.2026 во 15:28

    Вo среда целосно помрачување на Сонцето

    09.08.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор на плажа во Хрватска: Дрво високо 14 метри падна врз туристи, деца повредени, веднаш однесени во болница
    • МВР со жестоки контроли: Уапсени 15 возачи, меѓу нив и четири малолетници
    • Вo среда целосно помрачување на Сонцето
    • Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба: Д-р Мерџановски со детали за здравјето на момчето
    • Полицијата заплени камион со илегално ископан песок во неготинско село
    • Уапсен 19-годишник во Кочани: Правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица
    • На трагедиите им нема крај: 45-годишна скопјанка пронајдена почината
    • Скопјанец исчезна во Преспанското Езеро – Тигрите трагаат по него
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија под лупа: 1,622 набљудувачи и 14 странски новинари не’ следат со полна пареа

    Македонија под лупа: 1,622 набљудувачи и 14 странски новинари не’ следат со полна пареа

    02.11.2025 во 09:092 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    1622 набљудувачи ќе го следат вториот круг од локалните избори, меѓу нив 651 меѓународен и 14 странски новинари

    Вкупно 1622 набљудувачи, од кои 957 домашни и 651 меѓународен, ќе го следат вториот круг од локалните избори 2025, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). На изборниот ден се акредитирани и 14 странски новинари.

    Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, најголем број домашни набљудувачи има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП“ од Скопје, кое е присутно со 685 набљудувачи.

    Меѓу акредитираните организации за домашно набљудување се и: МКЦ-Битола со 23 набљудувачи, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје со 10, Здружение за општествен развој „За Тетово“ со пет, Национален совет за родова рамноправност со 25, ПСК „КАБ Струга“ со 16, Евротинк – Центар за европски стратегии со четворица, ЦИВИЛ – Центар за слобода со 60 набљудувачи, Три Си Консалтинг со шест, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид со 27, како и повеќе други здруженија и иницијативи.

    Најголем дел од меѓународните набљудувачи се од ОДИХР – Канцеларијата за демократски институции и човекови права, со 500 акредитирани претставници.

    Следуваат: Амбасадата на САД во Скопје со 30 набљудувачи, Советот на Европа со 24, Европскиот парламент со 18, Британската амбасада со 11, како и претставници од Хрватска, Унгарија, Грузија, Украина, Франција, Холандија, Турција, Швајцарија, Албанија, Косово, Молдавија и други земји.

    Изборниот процес ќе го следат и 14 странски новинари — шест од ТВ Клан Косово, еден од Топ Канал Албанија, двајца од ТВ1 Косово, еден од Европската прес агенција, двајца од ТРТ и двајца од РТКосово.

    Прочитај повеќе

    МВР со жестоки контроли: Уапсени 15 возачи, меѓу нив и четири малолетници

    09.08.2026 во 15:28

    Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба: Д-р Мерџановски со детали за здравјето на момчето

    09.08.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.