Македонија ќе потпишува договор за брза пруга со Србија додека во земјава не сообраќа ниту еден воз
Македонија и Србија заедно ќе побараат пари од Европската унија за изградба на брза пруга која ќе ги поврзува Скопје и Ниш.
Ова го изјави српскиот министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ за српските медиуми.
Весиќ изјави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје.
– Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа – рече Весиќ.
Тој информира дека с во тек проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонската страна ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.
Интересно е што оваа информација доаѓа во време кога Македонија нема ниту една функционална железничка линија. Товарниот железнички сообраќај е во целосен прекин откако напукна железнички мост кај Стоби додека патничкиот се одвива со систем на премостување, односно, патниците кај Сопот се префрлаат во автобус во кој се возат една станица и потоа повторно се враќаат во друг воз кој ги чека на следната станица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа