Close Menu
Press24
    Најново

    МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти

    01.11.2026 во 19:52

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:09

    Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци

    01.11.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
    • ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
    • Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
    • Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
    • Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
    • Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
    • Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
    • 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

    Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

    27.06.2026 во 12:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија и Албанија денеска ќе го официјализираат договорот за воспоставување заеднички гранични премини, со што комплетно се заокружува системот „One Stop“ со соседните земји кои се надвор од Шенген зоната.

    Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатиот период.

    Министерот Тошковски во својата изјава потенцираше:

    „Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово“

    Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека потпишувањето на официјалниот документ е предвидено за 14 часот, а за локација е избран граничниот премин Блато.

    Договорот со кој се предвидува спроведување на заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат македонскиот министер Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари.

    Веднаш по завршувањето на официјалната процедура за потпишување, предвидено е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

    Прочитај повеќе

    МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти

    01.11.2026 во 19:52

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.