Македонскиот енергетски пазар влегува во нова, модерна фаза на развој. Со потпишувањето на договорот меѓу националниот оператор МЕМО и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market).

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека ова е клучен чекор кон европско усогласување на нашиот енергетски систем. Според неа, овој пазар ќе овозможи поголема стабилност и подобро управување со енергијата во реално време.

„Македонија не чека. Македонија се интегрира. Преку вакви конкретни проекти ја градиме енергетската иднина на државата со јасна визија и одговорност“, порача министерката Божиновска.

Exit mobile version