Close Menu
    Најново

    Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

    03.12.2025 во 17:11

    Акциска контрола во тетовско: Приведени четири Украинки – можни жртви на трговија со луѓе

    03.12.2025 во 17:00

    Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

    03.12.2025 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор
    • Акциска контрола во тетовско: Приведени четири Украинки – можни жртви на трговија со луѓе
    • Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата
    • Муцунски на состанок на НАТО во Брисел: Потребен е единствен и стратешки пристап на Алијансата
    • Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: Се запали автомобил, тешко повредено шестгодишно девојче
    • Автобус удри во низок мост, голем број деца се повредени
    • Возачите се исплашија од системот „Безбеден град“ – Бројот на прекршоци е преполовен
    • ГП Евзони отворен, но не за долго: Секој момент е можна нова блокада од земјоделците
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја шест часа – ЕВН најави прекини во неколку општини

    01.12.2025 во 09:11

    Премиерот Мицкоски поради здравствени причини нема да присуствува на македонско-српскиот бизнис форум

    03.12.2025 во 09:11

    Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    03.12.2025 во 10:53

    Комбе прегази 2-годишно дете – избегало од рацете на баба му и излетало на улица

    03.12.2025 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.